Дома Македонски спорт Против Лихтенштајн ќе бидеме без Муслиу

Против Лихтенштајн ќе бидеме без Муслиу

Со три нерешени натпревари македонската фудбалска репрезентација го заврши септемврскиот циклус во квалификациите за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како и против Ерменија на претходниот натпревар дома и вчера против Романија одигравме без голови. Во Исланд на гости одигравме 2:2.

Следен наш противник ќе ни биде Лихтенштајн кој вчера приреди големо изненадување и одигра 1:1 на гостински терен со Ерменија. За натпреварот со Лихтенштајн на гости селекторот Милевски нема да може да смета на еден од најважните играчи во одбраната.

Во вчерашниот натпревар Висар Муслиу заработи жолт картон па поради тоа ќе го прескокне натпреварот на осми октомври.

После шест натпревари во нашата група Германија е прва со 15 бода, Ерменија втора со 11, Романија трета со 10 и ние четврти со девет освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…