Tимот на Денвер славеше со 122:117 против Бруклин во натпревар во кој Никола Јокиќ стана кошаркарот со најмногу скокови во историјата на франшизата.
Србинот веќе е и најдобар асистент, додека помеѓу стрелците се наоѓа на четвртото место. Против Бруклин за 34 минути на паркетот постигна 31 поен, со 11 скока и седум асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај тоа имаше и три украдени топки и ниту една изгубен. Во овој момент Јокиќ е на 6631 скока и зад себе го остави Ден Исел со 6630 скокови.
Но, ова беше и натпревар во кој противниците не го штедеа и не бираа средства да го запрат, а за тоа сведочат и лузните по неговите раце.
Nikola Jokić with a deep gash, blood all over his jersey, and only shot 4 FREE THROWS ALL GAME‼️ pic.twitter.com/gZ4HQ92tPn
— ⚒️🏆Championship Otto 🃏🏹 (@ChiefOttoSosa) December 23, 2023
Кога се поените во прашање поефикасен од него беше Џамал Мареј кој натпреварот го заврши со 32 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Торонто 121:111
Бруклин – Денвер 117:122
Хјустон – Далас 122:96
Мајами – Атланта 122:113
Голден Стејт – Вашингтон 129:118
Сакраменто – Феникс 120:105