Екипата на Брест Мешков која е еден од противниците на Вардар, во најсилната група А од Лигата на Шампионите, стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона. Шампионот на Белорусија доби нов тренер, во поранешниот стратег на Висла Плок и актуелен селектор на Аргентинската репрезентација, се работи за Маноло Каденас. Негов помошник ќе биде Раул Алонсо, додека за тренер на голманите е назначен словенецот, Роландо Пушник.
Брест Мешков направи промени и во играчкиот кадар. Од екипата си заминаа Стојковиќ, Мијатовиќ, Игропуло, Никуленков, Ѓукиќ, Продановиќ и Олег Астрашапкин. Нови играчи се Дарко Ѓукиќ, десното крило кое доаѓа од тимот на Киелце, како и Сандро Обрановиќ кој дојде од Шамбери и десниот бек Шиме Ивиќ кој пристигна од тимот на Висла Плок.