Заедно со бројните гости од регионот, делегати, претставници од Владата и ресорното министерство, Македонскиот полициски синдикат одбележа 30 години постоење. Одбележувањето на големиот јубилеј, кое се одржа со придружна програма и манифестација во хотелот Континентал, беше помогнато од регионалниот лидер во приредувањето на игрите на среќа.
„Голема благодарност до општествено одговорната компанијата Mozzart со која имаме долгогодишна успешна соработка на сите активности на Македонскиот полициски синдикат. Оваа година компанијата Mozzart беше дел и несебично ја поддржа манифестацијата “30 години Македонски полициски синдикат” и допринесе за нејзино успешно реализирање“, истакна Д-р Марјан Кицев, Претседателот на Македонски полициски синдикат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај оваа организација, Mozzart помогна за набавка на заштитна опрема за синдикатот во време на кризата со Covid-19, а неодамна помогна и во одржувањето на спортските синдикални игри. Подготвените членови на полицискиот синдикат се натпреваруваа во дисциплините кошарка, фудбал, одбојка, пикадо, табла, атлетика и шах. Тогаш на игрите и натпреварите учествуваа околу 650 членови, домашни и странски гости на МПС.