Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето во ЛШ откако на домашен терен го победија Манчестер Јунајтед со високи 3:0.
Еден од стрелците за Барса беше Бразилецот Фелипе Кутињо кој погодокот го прослави на контроверзен начин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој очигледно е незадоволен од навивачите на Барселона и медиумите кои константно го критикуваат за слабите игри, кои не беа очекувани од играч кој е скапо платен, па во текот на прославата на погодокот ги запиши ушите и замижи.
Нормално, со тоа сакаше да покаже дека не ги слуша и гледа критиките, а неговото однесување не му се допадна на легендарниот Ривалдо.
„Тоа не беше добар гест. Постигна прекрасен погодок, но никогаш не е добро да направиш такво нешто пред навивачите.“ – изјави Ривалдо за Марка и додаде:
„Навивачите го критикуваат бидејќи знаат дека може да понуди повеќе. Не знам што се случувало, што прочитал во весниците или гледал на телевизија, но мора да продолжи да работи, да мисли во следните натпревари и да постигнува погодоци.“
Да потсетиме, Кутињо со неговата Барса во полуфиналето ќе игра против Ливерпул.