Дома Трансфер зона Пропадна последната можност за договор помеѓу Рамос и Реал

Пропадна последната можност за договор помеѓу Рамос и Реал

Серхио Рамос со сигурност ги минува последните денови како фудбалер на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што е познато, договорот на Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на овој месец, а медиумите тврдат дека отпаднала и последната можност за продолжување на соработката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик, а Рамос наводно ја одбил и последната понуда од страна на Реал Мадрид.

Капитенот не ги прифати понудите за продолжување на договорот бидејќи не е задоволен од условите во него. Сега пропаднала и последната шанса тој да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

35-годишниот дефанзивец помина цели 16 години во Реал, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Сити и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…