Дома Македонски спорт Мак фудбал Промени на распоредот во првата лига, ФФМ го одложи цело коло

Промени на распоредот во првата лига, ФФМ го одложи цело коло

Македонската Фудбалска Федерација направи целосно промени во календарот на првата фудбалска лига, одложено е цело 25 коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од ФФМ на својата официјална страна соопштија дека поради настапот на големиот дел фудбалери во националните селекции се менува целиот распоред, додека распоредот за натпреварите во купот останува ист.

25 коло се поместува за неколку дена и ќе биде одиграно на 01.04.2018 (викендот кој следи) од 15 часот.

Во продолжение погледнете го целосниот распоред на ФФМ.

  1. коло, 29.03.2018, четврток, одложено за 01.04.2018, недела, 15:00
  2. коло (Силекс – Пелистер), 04.04.2018, среда, 15:00
  3. коло, 07.04.2018, сабота, 16:00
  4. коло, 15.04.2018, недела, 16:00
  5. коло, 18.04.2018, среда, 16:00
  6. коло, 22.04.2018, недела, 16:00
  7. коло, 25.04.2018, среда, 16:00
  8. коло, 29.04.2018, недела, 16:00
  9. коло, 02.05.2018, среда, 16:00
  10. коло, 06.05.2018, недела, 16:30
  11. коло, 13.05.2018, недела, 16:30
  12. коло, 16.05.2018, среда, 16:30
  13. коло, 20.05.2018, недела, 16:30

Полуфиналните средби од куп натпреварите ќе се одиграат на 11.04.2018 (среда), додека финалето е закажано за 09.05.2018 (среда).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …