Дома Македонски спорт Мак фудбал Промена во Битола: Пелистер е прв, но го промени тренерот!

Промена во Битола: Пелистер е прв, но го промени тренерот!

Иако е Пелистер прв во втората лига на запад направи промена на тренерската позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дарко Крстевски повеќе не е тренер на битолскиот клуб, а на негово место доаѓа Зоран Штерјовски.

Во минатата сезона малку недостасуваше Крстевски со Пелистер да се избори за бараж во втората лига, додека оваа се лидери и имаат само два порази.

И покрај ова Пелистер одлучи да направи промена и клубот во наредниот период од сезоната ќе биде предводен од Штерјовски.

Дебито ќе го има уште во среда кога Пелистер ќе игра во Купот на Македонија против Работнички во Скопје.

Во втората лига – запад Пелистер е прв со два бода повеќе (20) од Лабуништа (18) три од Влазерими (17).

Следниот викенд во првенството Пелистер го очекува натпревар на домашен терен против Скопје.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …