Доведувањето на Киеран Тиернеј се покажа како промашување за Арсенал.
Минатото лето Арсенал за него плати 27 милиони евра надевајќи се дека тоа ќе биде нивно засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тиернеј во досегашната епизода на „Емирати“ имаше големи проблеми со повредите, што во меѓувреме го користеа Сако и Сеад Колашинац, а сега Шкотот стана вишок.
Медиумите во Англиија пишуваат дека Артета дал зелено светло за негова продажба, а тоа разбудило интерес кај неколку клубови. Еден од нив е Лестер кој во него гледа замена за Бен Чивел.
На доаѓањето на Тиернеј инсистира Брендан Роџерс кој добро ги познава неговите квалитети со оглед на тоа дека го тренираше во Селтик.
Неговата вредност според „Трансфермаркт“ се проценува на 20 милиони евра.