Младинската селекција на Македонија до 21 години во денешниот натпревар против Австрија го запиша и петиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2019 година.
Австрија беше подобра од нашите младинци со 2:0. Натпреварот беше решене во последниот половина час кога фудбалерот на Австриицте Матијас Хоншак успеа да постигне два погодоци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија до крајот на овој квалификациски циклус ќе одигра натпревари против Србија и Русија на гостински терен, додека на домашен терен ќе игра натпревари против Гибралтар и Ерменија.
По поразот од Австрија, најдобриот пласман на кој можеме да се надеваме е четвртото место во групата. Во овој момент заедно сме на дното на табелата, заедно со аутсајдерот Гибралтар со по три освоени бодови.
На овој натпревар поради суспензија, на нашата клупа го немаше селекторот Благоја Милевски.