Дома Фудбал Останато Продолжува случајот „Суарез“ – кој се ќе биде казнет?

Продолжува случајот „Суарез“ – кој се ќе биде казнет?

Изминатото лето Јувентус остана без Луис Суарез после контроверзиите кои настаа на испитот за италијански јазик кој му беше потребен за да добие италијанско државјанство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Целиот случај крена многу прашина бидејќи наводно Уругваецот пред испитот ги добил прашањата и на тој начин не му било тешко да положи.

Поради тоа италијанските власти ја суспендираа ректорката на Универзитетот за странци во Перуџа, Џулијана Грего, директорот Симоне Оливеира и професорите кои го тестирале Суарез.

Тие беа суспендирани на осум месеци, а сега се очекува и продолжување на истрагата, пишува „Кориере дела Сера“. Се очекува казнети да бидат и претставниците на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Горецка се договорил со новиот клуб, познати и детали – ќе игра за италијански гигант!

По осумгодишна кариера во Баерн Минхен, 31-годишниот играч за врска Леон Горецка како што …