Дома Топ вести Продолжува историјата „Торес во Ливерпул“

Продолжува историјата „Торес во Ливерпул“

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Валенсија, Феран Торес, пренесуваат англиските медиуми.

Со тоа може да продолжи историјата на „Торес во Ливерпул“.  Во 2007 година „црвените“ го донесоа тогаш најталентираниот шпански напаѓач Фернандо Торес, кој испиша историја на „Енфилд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Ливерпул повторно го сака талентираниот шпански напаѓач со исто презиме, а станува збор за ѕвездата на Валенсија, Феран Торес.

Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Енфилд“.

Торес има договор со Валенсија до 2021 година и во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но Ливерпул сигурно ќе се обиде да ја намали цената бидејќи играчот на лето влегува во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…