Дома Останати Продолжува акцијата на Mozzart за донација на лаптопи во основни училишта – овој пат доделени во ООУ Јан Амос Коменски

Продолжува акцијата на Mozzart за донација на лаптопи во основни училишта – овој пат доделени во ООУ Јан Амос Коменски

Компанија Mozzart продолжува со своите општествено одговорни активности, a периодов започна со акција за донација на лаптоп компјутери во основни училишта, наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

Досега Mozzart донираше лаптоп компјутери во ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода, а сега дел од нивната донација е наменета за учениците од Основно општинско училиште Јан Амос Коменски во Општина Карпош.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Од училиштето истакнаа дека ваква помош е од голема важност во овој тежок период во услови на пандемија и се заблагодарија на донацијата на компјутерите кои понатаму ќе бидат доделени на учениците. „Навистина ми е драго кога во овие услови на светска пандемија која ни претставува предизвик на сите, постојат општествено одговорни компании кои помагаат онаму каде што е потребно. Голема благодарност до Mozzart за донацијата на компјутерите кои ќе бидат доделени на деца од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на наставата на далечина. Се надеваме дека и другите компании ќе го следат овој пример и ќе дадат свој придонес за помош на најмладите.“ – изјави директорката на училиштето, Маја Старова.

Од Mozzart велат дека уште од почетокот на пандемијата постојано реализираат бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ги носи, а овој пат во фокус се основните училишта и учениците кои не се во можност непречено да учествуваат во образовниот процес.

„Преку донацијата на лаптоп компјутери имаме за цел да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период во основните училишта. Се надеваме дека образовниот систем и сите вклучени страни во едукативниот процес ќе ги надминат тешкотиите за време на овој тежок период, а учениците ќе продолжат непречено во  градење на своето знаење и во овие вонредни услови. Од почетокот на пандемијата континуирано реализираме бројни хуманитарни кампањи во сите области, а продолжуваме и понатаму со ист интензитет.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

На доделувањето на донацијата присуствуваше и претседателот на АСОМ, асоцијацијата во која членува Mozzart.  

„Во услови на пандемија кога наставата во најголема мера се одвива онлајн, сакаме да помогнеме колку што можеме за непречено следење на наставата, а со оваа донација од нашата членка Mozzart правиме придонес во исполнување на таа цел. Ние како Асоцијација и сите наши членки остануваме посветени на општествено одговорните проекти кои нудат решенија за важни прашања во зедницата во која работиме.“ – изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…