Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски ја продолжи добрата форма и по пет минути игра во натпреварот против Рос Каунти ја погоди мрежата.
По паузата од седум натпревари во кои немаше гол за Абердин, Бојан Миовски денеска по пет минути игра се запиша во листата на стрелци против Рос Каунти. За Миовски ова беше 14-ти гол во првенството. Ќе потсетиме, Миовски погоди и во дресот на Македонија во ремито против Молдавија (1:1).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Миовски индивидуално има одлична сезона, меѓутоа тоа не може да се каже и кога тимот е во прашање бидејќи Абердин е деветти на табелата и води битка за опстанок.