Дома Фудбал Англија Продажбата на Манчестер Јунајтед се одложува за крајот на сезоната!?

Продажбата на Манчестер Јунајтед се одложува за крајот на сезоната!?

Продажбата на Манчестер Јунајтед ќе биде одложена до крајот на сезоната поради неодлучноста на сегашните сопственици на семејството Глејзер, пренесуваат медиумите на Островот. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите, понудите на главните кандидати за нови сопственици на клубот е 1,5 милијарди фунти помалку од сумата која ја бараат Глејзер.

Катарскиот шеик Хамад Ал Тани испрати понуда за целосно купување на клубот додека понудата на британскиот милијардер Ретклиф е за стекнување на мнозински удел, но шансите за договор до крајот на март се многу мали.

Цената на акциите на Манчестер Јунајтед претпре неколку измени. Најпрво истите скокнаа по катарската понуда, за потоа да паднат за дури 13% со оглед на неодлучноста на сегашните газди.

Се тврди дека семејството Глејзер, шестмина браќа и сестри, има неодлучност по прашањето, и наводно секој член има свое видување за самата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиол пред трансфер на животот!

Јошко Гвардиол би можел да го направи трансферот на неговата кариера. Реал Мадрид го посак…