Во одлично дерби со шест гола Манчестер Сити и Тотенхем одиграа 3:3, а по натпреварот најмногу се коментира ситуацијата во завршницата кога судијата запре еден напад на „граѓаните“.
Ерлинг Халанд беше фаулиран, но успеа да дојде до топката и да го проигра Грилиш, главвниот судија прво даде предност, но потоа сепак го досуди фаулот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа ги налути во таборот на Манчестер Сити, посебно Халанд кој бесен го напушти теренот. Пеп Гвардиола сепак се обиде да остане мирен пред медиумите и не сакаше да коментира, но и испрати провокација до Микел Артета.
Стратегот на Арсенал сезонава на неколку прес-конференции се жалеше на судењето на натпреварите на Арсенал.
„Следно прашање, не сакам да бидам како Микел Артета“, кратко искоментира Пеп па доаде: Тешко е кога ќе ја видите сликата, судијата одлучи да ја прекине играта, откако прво даде предност“.
"Next question, I don't want to do a Mikel Arteta comment."
— Gunners (@Gunnersc0m) December 3, 2023
Pep Guardiola when asked about Jack Grealish going through on goal
pic.twitter.com/JtDQHkj4p5