Челзи ќе остане без невакцинираните фудбалери за гостувањето против Лил во ЛШ, а причина се ограничувањата на Франција која не дозволува влез на невакцинирани лица.
Французите неодамна воведоа посебни мерки за невакцинираните патници, кои се многу строги и тешко дека фудбалерите ќе добијат исклучок од здравствените власти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бидејќи статусот на вакцинација на играчите е лична работа и повеќето спортисти го немаат објавено тоа, не е јасно кои играчи нема да можат да патуваат, пренесува „Фудбал Лондон“.
Челзи побара од УЕФА да го промени местото на одигрување на мечот против Лил, но натпреварите ќе се организираат со мерките во земјата каде што се играат.
Сличен проблем ќе има и Реал Мадрид, кој ќе му гостува на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони.