Дома Фудбал Лига на шампиони Проблем за Флик: Баерн ослабен во финалето?

Проблем за Флик: Баерн ослабен во финалето?

Баерн Минхен би можел да биде ослабен во финалето од Лигата на шампионите кое се игра во недела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот гигант вчера со убедливи 3:0 го совлаа Лион и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против ПСЖ.

Баварците во натпреварот влегуваат како фаворити затоа што прво ја декласираа Барселона со 8:2, за потоа против Лион да дојдат до десеттата победа сезонава во најелитното европско натпреварување.

Сепак, тренерот Флик би можел да се соочи со еден проблем. Дефанзивецот Жером Боатенг е под знак прашалник за оваа средба.

Германскиот репрезентативец вчера во полуфиналето беше заменет на полувремето. Боатенг го замени Никлас Зуле кој до крајот одигра солиден натпревар, но за Баерн сигурно ќе биде подобро ако за финалето го имаат на расплагање поискусниот Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Покетино се скара со новинарите: Никој не ни честиташе – како да сме елиминирани

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во нокаут фазата…