Дома Трансфер зона Проблем за Тен Хаг: Големиот ривал на Јунајтед тргнува по потписот на Де Јонг

Проблем за Тен Хаг: Големиот ривал на Јунајтед тргнува по потписот на Де Јонг

Манчестер Јунајтед долго време се обидува да го доведе Френки Де Јонг од Барселона, но работата некако не им оди како што се надеваа, а сега им се појави и сериозен конкурент.

Последните информации беа дека Манчестер Јунајтед и Барселона биле блиску до договор, но 25-годишниот фудбалер не сака си замине од „Камп Ноу“, иако неговите големи примања се проблем за Каталонците во тешката финансиска ситуација. Во Јунајтед, Де Јонг би соработувал и со Тен Хаг кого го познава и од Ајакс, но и тоа не е доволно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите од Островот сега пренесуваат дека ако Јунајтед не може да стигне до потписот на Де Јонг тоа ќе се обиде да го направи Челзи. Адут кој го Челзи го има, а Јунајтед не е играњето во Лигата на шампионите.

Во Челзи Де Јонг би пристигнал како замена за Жоржињо кој во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Јувентус како дел од трансферот на Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…