Дома Фудбал Проблем за Реал: Менди се повреди

Проблем за Реал: Менди се повреди

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди доживеа повреда на мускулот и е под знак прашалник за натпреварот со ПСЖ.

Шпанските медиуми потврдија дека Менди е повреден и дека ќе паузира 10-15 дена. Неговата главна цел ќе биде да се опорави до дуелот со Парижаните.

Реал има прилично густ распоред во февруари. Во четврток му гостува на Билбао во Купот на Кралот, потоа ја дочекува Гранада, три дена потоа оди на Виљареал во Ла Лига, после што на 15-ти го чека гостувањето во Париз.

Додека не се опорави Менди се очекува Алаба да го менува, а позицијата стопер да ја преземе Начо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим направи споредба со авионска несреќа, па мораше да се извинува (Видео)

Португалскиот тренер на Милан, Рубен Аморим, се најде во неволја за време на прес-конферен…