Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе биде надвор од терените околу две недели поради повреда.
Од клубот потврдија дека германскиот репрезентативец има мускулна повреда на левата нога, а според медиумите неговата рехабилитација ќе трае околу 15 дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Крос се повреди за време на натпреварот против Бетис во саботата и ќе ги пропушти следните два меча за Реал, против Ваљадолид и Леванте.
Потоа претстои пауза за репрезентативците натпревари од Лигата на нации, а Крос воопшто нема да биде повикан за Германија и ќе се рехабилитира во Мадрид.