Селекторот, Драган Бајиќ пред натпреварот со Шпанија во квалификациите за Светското првенство се соочува со проблеми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Љубомир Младеновски како што стојат работите нема да може да помонге против силната селекција на Серџо Скариоло. Шпанија не е дојдена тука со најсилниот состав, но сепак е голем фаворит против нас. Младеновски пред овој натпревар има проблеми со стомачен вирус.
„Имам стомачен вирус и сериозни проблеми за нормален тренажен процес. Разговарав со селекторот и му се ставив на располагање, макар и со еден тренинг да помогнам против Шпанија. Сепак, за да ги заштитам соиграчите од вирусот селекторот препорача да мирувам и целосно да закрепнам. Доколку има и најмала можност да играм за мојата репрезентација, не би се двоумел и би го облекол дресот со државниот грб“, вели центарот на Пелистер.
Македонија и Шпанија ќе се сретнат во петок од 19:30 часот во „СЦ Јане Сандански“.