Младите Гави и Араухо се наметнаа во првиот тим на Барселона и клубот сака долгорочно да ги задржи на „Камп Ноу“ со нови договори.
Меѓутоа, до овој момент тоа се покажува како тешка задача бидејќи преговорите се застој.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ пренесува дека во моментов Барселона не може да ги исполни условите кои менаџерите на овие двајца важни фудбалери ги поставиле.
17-годишниот Гави и 23-годишниот Араухо имаат договор со Барселона само на уште една сезона и со актуелните договори се едни од најмалку платените фудбалери во тимот.
Логично агентите бараат многу повисоки плати, а тоа е проблем за Барселона. Каталонскиот гигант има финансиски проблеми и се обидува да ги намали расходите.
Гави во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која многу клубови се спремни да ја платат.