Во случај такво нешто да се случи, Интер добро ќе ја наполни касата.
Следното „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во недела од 16:15 часот, но шпанските клубови водат големи битки и надвор од теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според пишувањето на „Дон Балон“, Барселона и Реал Мадрид се заинтересирани за стоперот на Интер, Милан Скриниар.
Во прилог на шпанските гиганти оди и тоа што Интер не успева да го убеди Скриниар да го продолжи договорот кој истекува во 2022 годна.
Наводно, должината на договорот не проблем, туку неговата плата. Стоперот сака значително покачување со оглед дека е еден од најважните играчи на „нероаѕурите“.
Во целата приказна се споменува и Јунајтед, а клубот од Милано според најавите би се согласил да го продаде Скриниар само доколку некој издвои сума од околу 75 милиони евра, колку што Ливерпул издвои за Ван Дијк.
https://www.youtube.com/watch?v=6CTguFpLVKY