Кошаркарскат екипа на Барселона имаше лош финиш на сезоната и поради тоа дојде до „војна“ во таборот на каталонскиот гигант.
Никола Миротиќ јавно истакна несогласување со коментарите на тренерот Шарунас Јаскевичиус, кој тврдеше дека тимот има неуспех поради недостигот на победнички менталитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона беше поразена од Реал Мадрид во полуфиналето на Евролигата, освен тоа загубија и од вечниот ривал во финалната серија на АЦБ лигата со што останаа само со трофејот во шпанскиот куп.
„Нема дилеми дека оваа сезона е голем неуспех. Но, не се согласувам дека проблемот е во победничкиот карактер и тимската хемија. Сите даваме се од себе во системот кој тренерот го поставув, секако дека има грешки, но тие се составен дел од спортот. Не ми се допаѓа што вината се префрла на нас играчите. Имам свој став, но тој ќе го кажам пред одговорните во клубот“, изјави Миротиќ.