Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да добие ослободување од вакцинација за овогодинешниот УС Опен.
„Њујорк тајмс“ потврди дека Ѓоковиќ во овој момент нема право да влезе во САД. Toj веќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами бидејќи не можеше да пристапи на територијата на САД, а тоа би можело да се повтори на крајот од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според тамошниот закон, Новак е наведен како „невакциниран странец“ и затоа не смее да влезе, што може да биде заобиколено со посебно ослободување.
Меѓутоа, Тениската асоцијација на САД, под чие покровителство е УС Опен, нема да бара изземање од владата за Ѓоковиќ.
Минатата недела, Службата за имиграција на САД се откажа од задолжителниот тест за ковид при влез во земјата, но не се планира да се отстрани условот за сертификат за вакцинација.
Ѓоковиќ оваа година поради истите причини не можеше да настапи и на Австралија Опен, бидејќи беше депортиран.