Македонската млада репрезентација на 14-ти ноември треба да игра квалификациски натпревар со Шпанија, но во моментов се соочува со голем проблем.
Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и сеуште не е ослободена. Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење, подигнување на опрема. Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија.
Техничкиот менаџер на МКД синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена. И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање.
Потсетување, натпреварот против Шпанија треба да се одигра на 14-ти ноември во Алкоркон, како дел од квалификациите за Европското првенство 2021.