Дома Трансфер зона Проблеми за Лукаку и Ибрахимовиќ: Добиваат дополнителна суспензија?

Проблеми за Лукаку и Ибрахимовиќ: Добиваат дополнителна суспензија?

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жестока расправија, а малку фалеше и да дојде до физичка пресметка на „Сан Сиро“.

Ибра започна да го провоцира Лукаку кој буквално збесна и Белгиецот беше едвај смирен. На крајот за таа расправија двајцата добија по еден натпревар суспензија, но тоа изгледа како премала казна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој инцидент сега може да има второ полувреме.

Имено, обвинителството на ФС Италија добило аудио и видео снимки и започна истрага која ќе биде завршена по итна постапка. Судијата Валери не запишал некои детали па Дисциплинската комисија не можела да расправа на таа тема, сега топката е префрлена на Обвинителството на ФС Италија.

Така Ибра и Лукаку би можеле да бидат дополнително казнети со уште некој натпревар што секако би било проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …