Дома Фудбал Англија Проблеми за Ливерпул: Вајналдум одби да го продолжи договорот

Проблеми за Ливерпул: Вајналдум одби да го продолжи договорот

Играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум одби да го продолжи договорот со „црвените“, пренесуваат медиумите на Островот.

Тој смета дека со доведувањето на Тиаго Алканатара од Баерн Минхен додатно ќе се намали неговата минутажа и поради тоа е спремен да си замине од „Енфилд“.

29-годишниот Холанѓанец е голема трансфер желба на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.

Проблем за Ливерпул е што договорот на Вајналдум истекува во јуни 2021 година, па би можел на лето да си замине како слободен агент.

Ливерпул за неговата слобода сега бара 40 милиони евра, сума која Барселона не е спремна да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери потпиша нов договор со Фиорентина до 2029 година

Лука Раниери потврди дека постигнал договор за продолжување на својот договор со Фиорентин…