Дома Фудбал Проблеми во француската репрезентација. Има многу болни, Коман е во најлоша состојба

Проблеми во француската репрезентација. Има многу болни, Коман е во најлоша состојба

ФРАНЦИЈА ќе го отвори Европското првенство во Германија со натпреварот против Австрија во понеделник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На само неколку дена пред првиот испит има проблеми во репрезентацијата на еден од најголемите фаворити за златото.

Голем број на репрезентативци на Франција се зафатени од вирус, објавија француските медиуми.

Тренерот Дидие Дешамп беше меѓу болните, а Кингсли Коман е во најлоша состојба. Повеќето имале инфекции на горните дишни патишта, а неколку се бореле со грчеви и главоболки.

Коман го пропушти заедничкиот тренинг во четвртокот и се чини дека е во најлоша состојба. На почетокот на тренингот го немаше ниту капитенот Килијан Мбапе, но новиот играч на Реал Мадрид подоцна се симна на теренот. Од францускиот табор не открија зошто Мбапе го пропушти првиот јавен тренинг на репрезентацијата на стадионот во Падерборн.

“Ми се чини дека ситуацијата е подобрена и дека сме во многу подобра состојба. Во вторникот имав висока температура. Можеби се почна од мене. Сега е подобро, целиот тим е подобар, освен Коман, кој е малку во полоша ситуација“, рече Дембеле на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …