Дома Останати Пријателот на Тајсон потврди: Ќе гледаме борба на Мајк со неговиот најголем ривал!

Пријателот на Тајсон потврди: Ќе гледаме борба на Мајк со неговиот најголем ривал!

Majк Тајсон (54) кон крајот на минатата година после 16 години се врати во рингот и се бореше против Рој Џонс Жуниор.

Покажа Тајсон дека уште има „бомби“ во рацете. Редовно тренира за нови предизвици, а набрзо ќе се најде во ринг со неговиот најголем ривал Евандер Холифилд (58).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големиот пријател на Тајсон Заб Џудах тврди дека се е потпишано за борба помеѓу Мајк и Евандер.

„Борбата е договорена. Мајк Тајсон против Евандер Холифилд „тројка“ – неверојатно! Се е потпишано, двајцата секојдневно тренираат и нема да има никакви игри, тоа ќе биде вистинска борба“, изјави Џудах.

Според информациите борбата би требало да се одржи во Дубаи, а заработката од истата се очекува да биде околу 300 милиони долари.

Тајсон има два порази во борбите со Холифилд. Првиот со технички нокаут во 11 рунда во 1996 година, а во 1997 се одржа познатата борба кога Тајсон го гризна увото на Холифилд и беше дисквалификуван.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …