Пријави се за „Скопје на точак’
Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години. Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје во недела, 03. ноември 2019 со почеток во 11.00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата година, на првото издание од овој настан, 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.
Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од Полицијата и организаторот.