Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Вегнер одлучи по 22 години да се повлече од оваа позиција.
Меѓутоа, искусниот француски стратег нема намера да ја заврши кариерата и најверојатно ќе превземе некој друг тим. Венгер веќе се поврзува со клупата на францускиот ПСЖ и многумина веруваат дека токму тој ќе го замени Унаи Емери на позицијата на овој тим. Меѓутоа, британскиот „Телеграф“ тврди дека за Венгер се заинтересирани уште два тима, а меѓу нив е и екипа од Премиер лигата. Тоа е Евертон во кој не се задоволни од работата на Сем Алардајс и наводно ќе се обидат да го доведат на „Гудисон“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така, Венгер се поврзува и со клупата на Монако, тим во кој и ја започна својата успеашна тренерска кариера и со кого го освои француското првенство во 1988. година, а потоа и Купот три години подоцна. Управата на Монако се уште не сака да ја затвори вратата на клубот на Леонардо Жардим кој би можел да добие отказ доколку не го одведе клубот во Лигата на Шампионите следната сезона.
Венгер речиси сигурно ќе продолжи да работи, а неговата одлука за новиот тим со нетрпение сите ја очекуваме.