Голманот на Црвена Звезда, Милан Борјан е најдобриот голман во групната фаза од Лигата на шампионите според податоците на специјализираниот „ИнСтат“ кој се занимава со фудбалска статистика.
Ова е навистина интересен податок ако се знае дека чуварот на мрежата на белградскиот гигант прими 17 погодоци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Борјан просечно по натпревар имал три 100% одбранети шанси на силните ривали од групата – Пари Сен Жермен, Наполи и Ливерпул.
Противничките фудбалер во шест натпревари шутирале 63 пати во рамките од неговиот гол, па учинокот на голманот на Звезда добива на значење, посебно бидејќи два пати ја зачува својата мрежа недопрена (Наполи 0:0 и Ливерпул 2:0).