Дома Трансфер зона Претставници на Евертон отпатуваа за Каталонија по две засилувања!

Претставници на Евертон отпатуваа за Каталонија по две засилувања!

Преговорите се во завршна фаза!

Претставници на Евертон отпатувале во Барселона со цел да договорат два трансфери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон е заинтересиран за левиот бек Лукас Диње, но Барса нема намера да ја прифати понудата од 16 милиони евра. Од друга страна пак самиот играч не е задоволен од минутажата во клубот и е спремен да ја промени средината. Диње отпатува на припреми со Барселона иако знае дека договорот помеѓу двата клуба е на повидок, „карамелите“ мораа прво да ја завршат работата околу Бразилецот, Ричарлисон.

Сега кога Ричарлисон е фудбалер на Евертон, менаџерот Маркос Силва го означи Диње како приоритет за позицијата лев бек.

Барселона нема да му прави проблем на Диње бидејќи не го смета за премногу потребен. На таа позиција ви играч Жорди Алба, а замена би била Кукурела кој Барселона би го промовирала од својата академија.

Евертон исто така го сака и Јери Мина, но тука се уште нема конкретни информации за понудата. Проблем за „карамелите“ во случајот на Мина би можело да биде тоа што Манчестер Јунајтед влегува во трката за Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …