Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Претседателот Чеферин ги објасни донесените одлуки на УЕФА

Претседателот Чеферин ги објасни донесените одлуки на УЕФА

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ги објасни донесените одлуки кои денес ги однесе Европската фудбалска централа.

Како што е веќе познато поради епидемијата со коронавирусот одложено е Европското првенство кое ќе се игра во јуни 2021 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 УЕФА ќе им овозможи со тоа лигите да завршат подоцна од предвиденото,  додека ЛШ и ЛЕ ќе се доиграат откако здравствените власти проценат дека пандемијата е завршена.

„Управуваме со спорт од кој многу луѓе живеат и се издржуваат. Сега тој спорт мора да биде запрен поради невидлив противник. Здравјето на фановите, играчите и останатите службеници се приоритат и поради тоа УЕФА предложи неколку варијанти за да се заврши сезоната во сите натпреварувања. Горд сум од реакцијата на моите колеги од Европа“, истакна Чеферин.

„УЕФА како раководен орган ги направи најголемите жртви. Преместувањето на Евро 2020 ќе не чини многу, но ние ќе направиме се за тие загуби да не се одразат во финансирањето на нови стадиони и во развитокот на женскиот фудбал. Играње на Евро без публика, без фан зони ќе беше голема неправда“, додаде претседателот на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …