Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис призна дека се обидувал да го доведе фудбалерот на Атлетико Мадрид.
Станува збор за Шиме Вршаљко, Наполи беше фаворит за негово доведување, но сепак до трансфер во јануари нема да дојде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Зборував телефонски со претседателот на Атлетико Мадрид и ми кажа дека не можеме да го добиеме Вршаљко сега туку на лето, бидејќи во овој момент имаат премногу натпревари на распоредот“, изјави Де Лаурентис.
Вршаљко е незадоволен од статусот и минутажата во Мадрид и сака да го промени клубот. Враќање во Италија каде што настапуваше за Сасуоло и Џенова е опција која за него во овој момент е најинтересна.