Италија, но и целиот фудбалски свет денес беше потресен од трагичната смрт на Давиде Астори во хотелот во Удине.
Во медиумите по трагичната смрт излезе и претседателот на Фиорентина, тим на кој Астори беше капитен. Адреа Дела Вале за медиумите откри дека веќе утре Астори требало да го продолжи договорот со неговиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навистина е тешко да се стои тука пред нас, ова е трагедија од огромни размери. Моите мисли се со неговото семејство и сите негови блиски. Со голема тага ви откривам дека дека Астори веќе во понеделник требаше да го потпише новиот договор. Ќе го потпишевме во четвртокот но се беше одложено поради лошото време. Навистина сум во шок, тој беше вистински пример како на теренот, така и надвор од него“, изјави Дела Вале по враќањето во Фиренца.