Претседателот на Рома, Џејмс Палота денес имаше бомбастична изјава која стана главна тема во италијанските медиуми.
Имено, Палота директно потврди дека голманот Алисон е блиску до трансфер во Реал Мадрид, а Наинголан ќе се пресели во Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Алисон во Наполи? Не, Де Лаурентис не сака да троши толку пари. Алисон чини 78 милиони евра и е блиску до трансфер во Реал Мадрид. Наинголан веќе одлучи – ќе се пресели во Интер“, изјави Палота.
Медиумите веќе подолго време пишуваа за двата трансфери, но ваквата изјава на Палота е шокантна, бидејќи преговорите се се уште во тек.