Дома Фудбал Претседателот на ПСЖ: Јувентус е нашиот најголем ривал во ЛШ!

Претседателот на ПСЖ: Јувентус е нашиот најголем ривал во ЛШ!

Големите засилувања кои пристигнаа во ПСЖ во последните неколку години го прават францускиот шампион еден од фаворитите за титулата во ЛШ.

Претседателот Насер Ал-Келаифи не крие дека главна цел на ПСЖ е триумф во Лигата на шампиони, а сега го одреди и најголемиот ривал на „светците“.

Според него, Јувентус со Кристиано Роналдо во тимот е главен конкурент на ПСЖ на патот кон најпрестижниот трофеј.

„Со Роналдо Јувентус се претвори во нашиот најголем ривал во Европа. Трансферот ме изненади и мене, морам да признаам. Кога на еден силен тим ќе го додадете Роналдо, тогаш станувате фаворити за ЛШ“, изјави Ал Келаифи.

Минатата сезона токму тимот на Роналдо, Реал Мадрид го елиминира ПСЖ од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…