Дома Фудбал Останато Пресуда после повеќе од 10 години: Муту мора на Челзи да му плати 17 милиони евра

Пресуда после повеќе од 10 години: Муту мора на Челзи да му плати 17 милиони евра

mutu

Романскиот фудбалер Адријан Муту во 2003 година после една сезона ја напушти Парма и кариерата ја продолжи во Челзи кој тогаш за неговите услуги плати 17 милиони евра.

Муту во тоа време важеше за еден од најдобрите играчи во Италија, а Челзи одлучи да го купи и да издвои голема сума на пари. Во првата сезона романскиот фудбалер одигра 27 натпревари за „сините“ и постигна шест погодоци и изгледаше дека добро се вклопил во лондонскиот тим, но потоа настана хаос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во октомври 2004 година Муту беше позитивен на кокаин што ја шокираше фудбалската јавност. Челзи одлучи веднаш да реагира бидејќи Муту го прекршил договорот.

Напаѓачот доби неколку месеци суспензија. Потоа во клубот одлучија дека најдобро е да му се заблагодарат на Романецот на соработката.

Летото 2005 година Муту потпиша за Јувентус, но во Челзи не се откажаа од случајот со кокаинот. Тие испратија тужба до ФИФА и бараа Муту да им исплати 17.173.900 евра, односно износот кој тие го платија на Парма за неговиот трансфер.

ФИФА уште тогаш одлучи дека Муту мора да ја плати таа сума на Челзи. Тоа го изненади фудбалерот и се жалеше на судот за човекови права. Целиот тој процес траеше повеќе од 10 години, за судот на крајот да потврди дека Муту мора да ја плати таа сума на Челзи и дека повеќе нема да каде да се жали.

Романецот јасно прекршил ставки од договорот со „сините“ и сега е должен да ја плати споменатата сума. Сепак, Муту денес порача дека тоа не може да го направи бидејќи едноставно нема толку пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…