Oва е уште еден доказ дека Бока Јуниорс во Аргентина и Латинска Америка е навистина повеќе од клуб.
Дури 18 играчи на Бока Јуниорс беа позитивни на коронавирусот на почетокот на овој месец, но и покрај тоа дозволено им е да играат во Копа Либертадорес портив Либертад во Парагвај. Сите играчи поминаа двонеделен карантин според препораките, но некои од нив биле позитивни и на новиот тест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И покрај тоа КОННМБОЛ дозволи Бока да патува во Асунсион, конечната одлука ја даде и Министерството за здравство на Парагвај, па така е одобрено на гигантот од Буенос Аирес да ја помине границата и со оние играчи на кои тестот им бил се уште позитивен.
Оваа одлука оди со образложението од Светската Здравствена огранизација дека заразена личност може да помине граница ако поминала карантина и повеќе нема симптоми.
Ваквата одлука предизвика гнев кај Либертад кои обвинуваат дека КОНБМЕБОЛ и Министерството за здравство не ги почитуваат правилата кои сами ги носат.
Очигледно Бока многу се прашува кога е фудбалот во прашање во Јужна Америка.