Легендарниот шпански фудбалер, Чаби Алонсо беше најавуван за нов тренер на Борусија Мехенгладбах, но сепак нема да се пресели во Бундеслигата.
Чаби Алонсо е тренер на вториот тим на Реал Соседад и се наоѓа на првото место во третата шпанска лига, па баскискиот клуб одлучи да го задржи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тренер денес го продолжи договорот со Сосиедад до јуни 2022 година.
„Среќен сум како се работи овде. Сите добро се познаваат и се разбираат. Сакаме да продолжиме да растеме и да го помагаме проектот за создавање на одлични фудбалери за првиот тим“, изјави Чаби Алонсо.