Eдисон Кавани ќе остане во Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако се шпекулираше дека искусниот напаѓач сигурно ќе замине, тоа нема да се случи. Дека Уругваецот останува потврди менаџерот Ралф Рагник.




„Многу разговаравме. Му кажав дека е важен играч за нас, единствен кој може да игра како напаѓач со лице кон голот. Неговиот професионализам и работна етика се нешто неверојатно“, изјави Рагник.




Кавани оваа сезона се соочи со неколку здравствени проблеми, па беше искористен само во девет натпревари на Манчестер Јунајтед, постигна гол против Тотенхем во Премиер лигата во победата од 3:0 на неговиот тим.