Пол Погба иако беше на излезна врата од „Олд Трафорд“, сега е спремен да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, тврди „ЕСПН“.
Французинот во последните месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, но овие клубови не се спремни да ја платат отштетата која ја бара Манчестер Јунајтед.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Погба има договор до 2021 година, влегува во последната година, па неговата иднина мора да биде решена ова лето.
„Црвените ѓаволи“ во јануари го донесоа Бруно Фернандеш кој со Погба направи одличен тандем на средината од теренот. Поради тоа Французинот е спремен да потпише нов договор.
Медиумите на Островот тврдат дека Јунајтед е спремен да му понуди нов 5-годишен договор со значително зголемување на платата.