Дома Ракомет Пресврт: Лино Червар останува селектор на Хрватска

Пресврт: Лино Червар останува селектор на Хрватска

Трофејниот хрватски стратег Лино Червар иако најави повлекување од хрватската репрезентација после ЕП, сепак ќе остане на клупата на „коцкестите“.

На денешната седница на управниот одбор на Ракометната федерација на Хрватска, одлучено е Лино Червар да остане селектор на репрезентацијата и да ја води на Светското првенство во Германија и Данска.

„Заради неможноста брзо да избереме селектор, а ни следат два натпревари со Шведска, одлучивме да го потврдиме Червар за следниот временски период, иако му истече договорот“, изјавија од Федерацијата.

Ваквата одлука веројатно ќе влијае и на иднината на Червар во Металург кој официјално се уште не е заминат од македонскиот клуб, но Александар Јовиќ веќе со месеци е прв тренер на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

НМКД на екранот во Халкида: РФМ бара реакција од ЕХФ и грчките организатори

РФМ најави приговор поради ознаката НМКД во телевизиската графика на дуелот со Грција. Мак…