Дома Фудбал Италија Пресврт: Ибра сепак има друг договор?

Пресврт: Ибра сепак има друг договор?

Вчера пренесовме дека Златан Ибрахимовиќ прифати да се врати во Милан и дека со екипата од Сан Сиро ќе потпиша шестмесечен договор вреден 2,2 милиони евра.

Тоа ги израдува навивачите, а се чинеше дека клубот договорил по свое, ако се знае дека агентот бараше 18 месечен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, според новите информации од Италија, искусниот шведски интернационалец сепак ќе потпише договор за соработка од година ипол со Росонерите.

Таа информација денеска се појавича од Милано, но не е познато за колку пари ќе потпише на крајот Ибра.

Ако првичните информации се точни, тогаш Ибра би требало да добие 4,4 милиони евра годишно, односно 6,6 милиони евра за целиот претстој во Милан.

Како и да е, Златан со игрите во МЛС лигата докажа дека се уште може да игра на високо ниво, а Милан тоа сака да го искористи на најдобар можен начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…