Дома Останати Тенис Пресврт за историја на Австралија Опен: 5:0 и 0:40 не им беше доволно да победат!

Пресврт за историја на Австралија Опен: 5:0 и 0:40 не им беше доволно да победат!

Eлиминација на многу фаворити донесе овогодинешниот Австралија Опен, а сега видовме и еден неверојатен пресврт.

Во мечот во двојки во кој на едната страна беа Бразилката Беатри Хадад Маја и Кинескињата Шуаи Џанг, а на другата Чехињата Миријам Коџијеова и нејзината сонародничка Маркета Вондорусова видовме луд пресврт.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првиот сет им припадна на бразилско-кинеската комбинацоја со 6:3, во вториот сет по тај-брејк беа подобри од чешките тенисерки за победникот да се решава во третиот сет.

Во него Маја и Џенг доминираа водејќи со 5:0 и предност од 0:40 на ривалките. Тоа значеше дека имаат три меч топки во еден момент за пласман во следната рунда.

Но, се случи вистинско чудо откако потоа не беа ниту блиску да освојат некој од наредниоте гемови, па резултатот беше изедначен на 5:5. Успеаа Бразилката и Кинескињата некако да го освојат шестиот гем и да гледам тај-брејк.

За работите да бидат уште повеќе болни за Хадад Маја и Џан во одлучувачкито сет имаа нови две меч топки и тие ги изгубија. Така по пет пропуштени прилики и водство од 5:0 и 0:40 останаа со празни раце, додека Чехињата го славеа еден од најголемите пресврти во историјата на тенисот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Агаси го „отпиша“ Србинот за следната сезона: Мислам дека Ѓоковиќ ќе остане без енергија

Новак Ѓоковиќ ќе ја започне новата сезона со учество во Бризбејн (30 декември – 6 ја…