Информации кои нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед пристигнуваат од Островот, наводно еден од косопствениците на „црвените ѓаволи“, Абрахам Глејзер никогаш немал намера да го продаде англискиот гигант.
Манчестер Јунајтед официјално ставен на продажба беше во ноември и цената која ја постави семејството е шест милијарди фунти. Поголем број кандидати од тој момент се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, а како најсериозни се издвоија Јасим Бин Хамад Ал-Тани и бизнисменот Сер Џим Ретклиф кој е сопсвеник на компанијата „ИНЕОС“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последните информации беа дека понудите кои двете страни ги испратиле биле околу пет милијарди евра.
Анализите кои сега се појавија на Островот говорат дека Американците биле свесни дека сумата од шест милијарди е превисока и токму затоа била поставена, нивната цел наводно била само да ја дознаат пазарната вредноста на клубот, но и да се обидат да ги зголемат акциите.