Дома Фудбал Останато Пресврт во случајот: Роналдо има силен адут кој ќе го ослободи од сите обвинувања?

Пресврт во случајот: Роналдо има силен адут кој ќе го ослободи од сите обвинувања?

ronaldo

Нов пресврт, Роналдо ќе сведочи, но изгледа во целата приказна се појавија нови детали кои ќе го срушат обвинувањето од Мајорга.

И понатаму во медиумтие се пишува за случајот на Роналдо, Реал вчера ги демантираше пишувањата на португалските медиуми дека го убедил Роналдо да потпише било каква спогодба, Перез најави и тужба.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдо веќе демантираше дека постоело било какво принудуање, а италијанските медиуми јасно застанаа на негова страна, бидејќи никогаш претходно помеѓу славна личност и девојка која го обвинува за силување не се постигнал договор со толку мала сум за спогодба.

Мајорга тврди дека била повредена, шокирана, неискусна и дека немала добри адвокати, па потпишала документ, меѓутоа во меѓувреме се појавија и некои нови информации.

„Кориере дело Спорт“ пренесува непроврени информации дека после она што се случувало во собата и што останува помеѓу Роналдо и Мајорга, заедно се вратиле во дискотеката. Ако е ова вистина, тогаш јасно е дека станува збор за најобична уцена и обид Мајорга да извлече голема сума на пари од Португалецот.

Покрај тоа според документите, Роналдо и се извинил на девојката бидејќи не користел презерватив, но и ветил дека ќе испрати налози дека не е ХИВ позитивен.

Како и да е се чека адвокатите на Мајорга пред судот да го изнесат документот со потпис на Роналдо за договор за споменатата сума. Но, тука повторно се поставува прашањето зошто девојката би се согласила на толку мала сума. Роналдо во тоа време потпиша договор со Реал Мадрид со плата од 12 милиони евра по сезона и тоа не беше никаква тајна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола откри зошто ги заменил Де Брујн и Халанд

Манчестер Сити вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Реал Мад…